Молдавски опозициски лидер осомничен за злоупотреба на функцијата ја напуштил земјата

Од:

Лидерот на до неодамна владејачката Демократска партија на Молдавија (ПДМ), Владимир Плахотњук ја напуштил земјата, откако новата молдавска премиерка Маја Санду најави дека тој ќе биде кривично гонет за „узурпација на власта и други злоупотреби“, објавија медиумите во Кишињев.

На ваквите медиумски информации реагираше ПДМ, која соопшти дека Плахотњук ја напуштил Молдавија „на неколку дена, за да го посети семејството“.

ПДМ премина во опозиција откако на 8 јуни дотогашниот премиер и нејзин член Павел Филип поднесе оставка, по што беше формирана нова Влада предводена од Санду.

На првата седница на нејзината Влада, Санду најави дека ќе се залага за зајакнување на врските на Молдавија со ЕУ и дека пред лицето на правдата ќе ги изнесе оние кои во изминатиов период ја злоупотребувале власта.

Молдавија западна во политичка криза по изборите во февруари годинава, на кои дотогашната владина коалиција предводена од ПДМ го загуби мнозинството во Парламентот, а партиите не може да се договорат за формирање нова влада.

По неколкумесечни преговори три парламентарни партии се договорија за формирање влада на чело со Санду, во која нема да биде вклучена ПДМ. На ова реагираше Уставниот суд, кој е под контрола на ПДМ, разрешувајќи го шефот на државата Игор Додон и именувајќи го премиерот Филип за привремен претседател, кој потоа го распушти Парламентот и распиша предвремени избори за во септември, со што кризата во земјата се подлабочи. Конечно, 8 јуни Филип поднесе оставка, Додон се врати на претседателската функција и беше формирана нова влада на чело со Санду.

Би можело да ве интересира

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Во Молдавија речиси 22.000 потрошувачи останаа без струја поради снежната бура

Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Кучето на Санду го касна прстот на австрискиот претседател