Молдавија ја продолжи вонредната состојба поради воени ризици

Од:

Парламентот на Молдавија синоќа гласаше за продолжување на вонредната состојба за уште 60 дена, откако владата наведе дека и се уште потребни дополнителни овластувања за да се справи со последиците од руската инвазија врз Украина.

Премиерката Наталија Гаврилита посочи дека тоа е континуиран ризик за енергетската и граничната безбедност, како и управувањето со приливот на бегалци од Украина.

„Ризиците за Молдавија поради војната во Украина остануваат високи. На Владата и се потребни дополнителни овластувања“, рече таа. Продолжувањето ќе стапи на сила на 8 август.

Околу 500.000 луѓе ја минале границата од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, од кои 100.000 останале во Молдавија, земја со околу 2,6 милиони жители.

Парламентот на Молдавија гласаше за одобрување на привремена вонредна состојба на 24 февруари, два дена по почетокот на руската инвазија, и ја продолжи во април и јуни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија ги отвори избирачките места за претседателските избори во отцепениот регион на Молдавија

Горан Наумовски

Молдавскиот архимандрит Јероним пронајден во локва крв, неговиот убиец е пронајден мртов во шума

Горан Наумовски

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Во Молдавија речиси 22.000 потрошувачи останаа без струја поради снежната бура

Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Кучето на Санду го касна прстот на австрискиот претседател