Могерини повикува на „рестартирање“ на односите со Русија

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини повика за „рестартирање“ на односите на Западот со Русија.

– Русија има блиски односи со ЕУ и е многу важна од гледна точка на нашата заедничка географија, историја, култура, економија и енергетика, изјави Могерини за австриски Курир.

– Неопходно е рестартирање. Русија е стратешка држава, но во моментот не е стратешки партнер. Би било добро да се обнови стратешкото партнерство со Русија, вели таа.

Според неа, „однесувањето на Русија по однос на Украина не е однесување на партнер“.

– Русија е одговорна за безбедноста во источна Украина, нагласи Могерини. Таа ја повика Русија да не гледа непријател во НАТО, и во исто време ја посоветува Алијансата „да ја разгледа Русија како можен партнер“.

– Нема враќање кон времето на Студената војна“, изјави Могерини.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска