Могерини очекува Европскиот совет да испрати силна порака за поддршка на Западен Балкан

Од:

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија Федерика Могерини очекува денеска Европскиот совет да испрати силна порака за поддршка за евроинтегрцијата на земјите од Западен Балкан.

Могерини, при пристигнувањето на денешниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел, најави дека премиерите и претседателите на земјите членки ќе ги извести за три важни теми: миграциската политика на ЕУ, заедничката европска политика за одбрана и безбедност и ситуацијата на Западен Балкан.

– Бев во регионот точно пред една недела. За тоа веќе разговарав со министрите за надворешни работи во понеделникот. Очекувам дека Европскиот совет ќе испрати силна порака за ангажирањето, посветеноста, отвореноста и веродостојност, на начин со кој ќе го води регионот во насока на интеграција кон ЕУ, нагласи Могерини пред почетокот на самитот во Брисел.

Претставничката на ЕУ истакна дека овие три „многу важни теми“ се во фокусот на граѓаните од ЕУ и изрази очекување дека и лидерите на Унијата ќе бидат едногласни и оти ќе понудат можност овие области да дадат резултат.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп