Моди ја бранеше индиската политика за Кашмир

Од:

Индискиот премиер Нарендра Моди во денешниот говор по повод Денот на независноста ја бранеше одлуката за укинување на автономијата на Кашмир, истакнувајќи оти таквиот статус на регионот придонел за ширење на сепаратизмот.

Тој посочи и дека специјалниот статус на Кашмир не бил праведен кон жените, бидејќи според законот тие ги губеле наследните права ако би се омажиле за некого надвор од регионот.

– Старото уредување на Џаму, Кашмир и Ладалу ја охрабруваше корупцијата, непотизмот, но беше неправеден и за правата на жените, децата и кон племенската заедница Далита.

Моди наведе и дека промените во Кашмир ќе помогнат регионот повеќе да придонесе за економскиот развој на Индија.

– Во последните 70 години станавме економија вредна два билиона долари, но во последните пет години додадовме уште еден билион. Поради тоа сум убеден дека следните години ќе станеме економија со пет илјади милијарди долари, истакна Моди.

Тој најави и именување на нов шеф за одбрана кој ќе ги координира безбедносните операции во Индија. Исто така Моди најави и промена на изборниот систем односно државните и изборите за Долниот дом на Парламентот да се одржуваат во исто време.

Индиската Влада на 5 август ја анулира уставната автономија на Кашмир, регион за кого Индија и Пакистан со децении имаат спор. Во Кашмир поголемиот број жители се муслимани. Индија го обвинува Пакистан дека финансиски ги поддржува милитантите. Исламабад тврди дека на кашмирските муслимани му пружа само морална и дипломатска поддршка во нивната борба за самоопределување.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка