Моди ги провика Индијците в недела со свеќи и светла од мобилните да го протераат мракот од коронавирусот

Од:

Индискиот премиер Нарендра Моди ги повика Индијците во недела, со држење свеќи и мобилни телефони в рака, девет минути да ги растеруваат „мракот и несигурноста” од кризата со коронавирусот.

Во Индија вчера, со новите 53 инфицирани, веќе се потврдени над 2.000 регистрирани случаи на зараза и покрај тоа што некои експерти укажуваат дека земјата со население од 1,3 милијарда лица, премалку врши тестирања врз луѓето.

Индија е „целосно изолирана” од 25 март, оставајќи одненадеж без работа милиони работници мигранти и потикнувајќи стотици илјади од нив да се обидат да се вратат во своите родни села, најчесто и пешки.

-Пријатели, меѓу темнината што се шири со пандемијата, ние треба постојано да одиме напред кон светлината и надежта, изјави Моди во обраќањето кон нацијата.

„Треба да ја победиме длабоката темнина на кризата, со тоа што ќе ја шириме славата на светлината во сите четири правци на светот”, додаде тој

Моди уште кажа дека луѓето треба да го изгаснат светлото во недела вечер, во 21 часот, и девет минути да држат запалени свеќи и вклучени светла на своите мобилни телефони, на влезовите и балконите од своите домови.

Би можело да ве интересира

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка

Пет лица загинаа во пожар во индиска фабрика за парфеми, девет се водат како исчезнати