„Модерна“ бара вакцината да биде одобрена за тинејџери во ЕУ и Канада

Од:

Американската биотехнолошка компанија „Модерна“ бара одобрување за употреба на својата вакцина против Ковид-19 кај тинејџери во Европската унија и Канада.

Компанијата тврди дека ова е поттик за кампањите за вакцинација на почетокот на летото.

„Модерна“ соопшти дека планира да поднесе барање за итно одобрување до Администрацијата за храна и лекови во САД, каде вакцината на „Фајзер/Бионтек“ веќе се администрира на адолесценти од 12 години и постари.

„Поднесовме барање за одобрение за ставање во промет на нашата вакцина против Ковид-19 од Европската агенција за лекови за употреба кај адолесценти во Европската унија. Охрабрени сме што вакцината на Модерна е многу ефикасна во спречување на инфекции со Ковид-19 кај адолесцентите“, изјави извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел.

„Модерна“ со две дози е околу 90 отсто ефикасна против симптоматскиот Ковид-19 и 95 отсто ефикасна во спречувањето тешка форма на болеста.

Би можело да ве интересира

Модерна планира да изгради фабрика за производство на мРНА вакцини во Африка

Ана Ололовска

Ревакцинирани 44% од полнолетните граѓани во државата

А1он

Европската агенција за лекови дозволи засилувачка доза за лица со ослабен имунитет, 28 денови по ревакцината

А1он

„Санофи“ се откажа од мНРА вакцината против Ковид-19

А1он

Амнести Интернешнл: Фармацевтските компании создадоа вештачки недостаток на вакцини

А1он

Во почетокот на октомври европскиот регулатор одлучува за трета доза вакцина против Ковид-19

Ана Ололовска