Мнозинството Јапонци не сакаат летово да се одржи Олимпијадата во Токио

Од:

Огромно мнозинство од Јапонците сметаат дека Олимписките игри (ОИ), што лани беа презакажани за ова лето, треба да се откажат или повторно да се одложат, покажуваат денеска објавените резултати од две одвоени анкети, спроведени од јапонската телевизиска мрежа ТБЦ и јапонската новинска агенција Кјодо.

Од вкупно 1.261 анкетирани во истражувањето на TБЦ, дури 81 отсто сметаат дека не постојат услови за одржување на ОИ, додека 80.1 проценти од вкупно 715 анкетирани во истражувањето на Кјодо се изјасниле оти Игрите треба да се откажат или повторно да бидат одложени.

Резултатите од двете истражувања покажуваат дека бројот на анкетирани Јапонци, кои имаат негативен став за одржување на Олимпијадата во нивната престолнина, пораснал за речиси 20 отсто во споредба со минатиот месец.

Негативното расположение меѓу Јапонците околу организацијата на Игрите се должи на неповолната епидемиолошка состојба во земјата поврзана со Ковид-19.

Јапонската Влада минатата недела прогласи вонредна состојба во Токио поради се поголемиот број на заразени со коронавирусот, но премиерот Јошихиде Суха, и покрај тоа, изрази оптимизам дека Олимпијадата ќе почне како што е предвидено, на 23 јули.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија