Мнозинството Чеси му веруваат на Земан, но не би го гласале повторно

Од:

Според анкетата на агенцијата СТЕМ, чешкиот претседател Милош Земан ја има довербата на 54 проценти од  граѓаните, а против негов повторен избор се изјасниле 59 проценти од анкетираните, јави дописникот на МИА од Прага.

Остро против актуелниот чешки претседател се изјасниле 19 проценти од граѓаните, додека 27 проценти не му веруваат.  

– Педесет процентната доверба за Земан покажува дека неговото оценување е актуелна и контроверзна политичка тема, се вели во Извештајот на агенцијата. 

Според анализата и во иднина позицијата на Земан е силна како меѓу десничарските така и меѓу левичарските и останатите гласачи, особено кај постарата популација. 

Дури 63 проценти од сениорите ја имаат довербата во првиот човек на Чешка. 

Анкетата е направена меѓу 1.109 учесници во период од девет дена.

Би можело да ве интересира

Земан со Вучиќ: Се обидов да ја натерам Чешка да го повлече признавањето на Косово

А1он

Земан: Русија стана ирационална, Путин можеби не блефира

Ана Ололовска

Чешкиот претседател Милош Земан е во болница во Прага

Конфликт меѓу Земан и чешкиот министер за култура заради средбата со Далај Лама

Емир Латифовиќ

Земан: Британците ја напуштаат ЕУ заради неспособноста на нејзините лидери

Емир Латифовиќ

Земан: Бегалците ќе го воведат шеријатското право, ќе каменуваат жени, ќе сечат раце

Емир Латифовиќ