Мнозинството Американци сметаат дека Трамп треба да биде отповикан пред 20 јануари

Од:

Мнозинството Американци сметаат дека претседателот Доналд Трамп треба да биде отповикан од функцијата пред новоизбраниот претседател Џозеф Бајден да положи заклетва, на 20 јануари, а две третини го сметаат за лично одговорен за насилниот упад во Капитол, се наведува во денеска објавената анкетана Еј-Би-Си њуз и Ипсос.

Според истражувањето на јавното мнение, 56 проценти од граѓаните сметаат дека претседателот треба да биде отстранет од функцијата пред официјалното пренесување на власта, што ќе следи за помалку од две недели, додека 43 проценти од испитаниците велат дека не треба да дојде до тој чекор.

Меѓу оние кои велат дека Трамп не треба веднаш да се смени, речиси половината (45 проценти) сепак сметаат дека неговите постапки од изминатата недела беа погрешни.

Отповикот на актуелниот претседател пред истекот на неговиот мандат ги подели Американците по партиска линија, со 94 проценти од демократите и само 13 проценти од републиканците кои го поддржуваат ваквиот потег.

Мнозинството независни пратеници, 58 проценти, исто така, се за отповик на Трамп.

Според анкетата, 67 проценти од Американците вината за немирите од средата, во кои загинаа пет лица, директно му ја префрлаат на Трамп.

Истражувањето покажа дека 52 проценти од испитаниците веруваат дека тој сноси голема одговорност, додека само 15 проценти навеле дека кај него нема вина.

Би можело да ве интересира

САД: Вакцинирани сите конгресмени-демократи

Жарко Настоски

ВИДЕО: Возач со автомобил влета во барикадите пред Капитол во Вашингтон, еден полицаец загина

Жарко Настоски

Евакуација на американскиот Конгрес поради сомнителен пакет

Жарко Настоски

Полицајци од Капитол Хил го тужат Трамп за немирите на 6 јануари

Ана Ололовска

Најавени над 100 нови обвиненија за нападот на Капитол

Жарко Настоски

ВИДЕО: ФБИ објави снимка од лицето кое ги поставило бомбите ноќта пред нападот на Капитол

Ана Ололовска