Многу повеќе Американци добиваат засилувачка вакцина од оние кои се решиле на прва доза

Од:

Бројот на Американци кои добиваат засилувачки вакцини против коронавирус е двојно поголем од бројот на оние кои ја добиваат својата прва доза, покажуваат податоците на Центрите за контрола на болести (ЦДЦ), јави денеска Вашингтон пост.

За изминатата недела заклучно со четврток, дневниот просек на луѓе во САД кои добиле засилувачки вакцини изнесува околу 340.000, додека дневниот просек на оние кои што ја добиле првата доза за истиот седумдневен период изнесува 157.605 лица.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, бројките го покажуваат процепот во вакцинацијата меѓу Американците. Оние кои веќе примиле две дози се одлучуваат на дополнителна заштита од Ковид-19 со бустер вакцина и оние кои само што одлучиле да се вакцинацират за првпат, но и милиони луѓе низ САД кои не се воопшто вакцинирани, што претставува предизвик во постигање заштита од коронавирусот за сите.

Според статистиката на весникот, околу 66 отсто од населението во САД (219 милиони луѓе) добиле најмалку една или две дози од вакцината, додека речиси 50 отсто од популацијата добиле две дози.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски