Многу мртви во судирот на два воза во Италија

Од:

Бројот на погинатите во директниот судир на два патнички воза на југот на Италија порасна на дваесет, а најверојатно ќе продолжи да расте. Во несреќата се повредени десетици патници, а состојбата е драматична додека постојано пристигнуваат спасувачките екипи.

Несреќата се случи на пругата помеѓу градовите Руво ди Пулја и Корато, во близина на Бари, на брегот на Јадранското море.

-Има многу мртви. Дојде до директен судир на возовите, а некои вагони се целосно уништени. Спасителите извлекуваат луѓе од вагоните, изјави шефот на локалната полиција Рикардо Цингаро за италијанскиот весник “Република“.

По веста за несреќата, италијанскиот премиер Матео Ренци го прекина говорот во Милано и повика дека мора да се работи на извлекување на погинатите и ранетите. Тој кажа дека веднаш се враќа во Рим.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Во САД: Камион на FedEx се преврте преку мост, петмина се повредени

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Силен земјотрес во Италија