ММФ има план за крај на пандемијата – ќе го вакцинира целиот свет за 50 милијарди долари

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска претстави предлог од 50 милијарди долари за ставање крај на пандемијата со Ковид-19, преку вакцинирање на најмалку 40 отсто од населението во сите земји до крајот на 2021 година и најмалку 60 отсто до првата половина на 2022 година.

Од ММФ проценуваат дека ваквата кампања ќе биде еднаква на девет билиони американски долари вбризгани во глобалната економија до 2025 година, со цел побрзо да закрепне економската активност.

„Нашиот предлог поставува цели, ги проценува барањата за финансирање и утврдува прагматично дејствување“, рече Кристалина Георгиева, шеф на Меѓународниот монетарен фонд, на Глобалниот самит за здравје што се одржува во Рим, како дел од Г20.

Во пандемијата животите ги загубија повеќе од 3,5 милиони луѓе низ целиот свет, а проекциите укажуваат на многу нееднаквости во пристапот до вакцините и квалитетната грижа за болните од Ковид-19 – ситуација што ќе продолжи до следната година, велат од ММФ, додавајќи дека ова се „сериозни ризици за светот“.

Извршниот директор на Фондот, Кристалина Георгиева, на здравствениот самит организиран од Европската комисија и Групата 20 големи економии, рече дека е логично богатите економии да ги зголемуваат донациите, за да се обезбеди побрз крај на пандемијата.

– Напредните економии – од кои треба да придонесат најмногу за овој напор – најверојатно ќе забележат најголем поврат на јавните инвестиции во модерната историја – до 40 отсто од добивката на БДП и приближно трилион американски долари дополнителни даночни приходи, наведе таа.

Би можело да ве интересира

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ

Средба со Светска банка: Народната банка придонесува за одржување на здравоста на финансискиот сектор преку својата макропрудентна политика