ММФ додели 1,3 милијарди долари итна помош за Украина

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ѝ се заблагодари на генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева за итната помош од 1,3 милијарди долари за земјата.

„Во текот на разговорот го уверив директорот дека Украина ќе направи сè за да ја усвои програмата за мониторинг на ММФ и дека ќе продолжиме на следната програма што е можно поскоро. Ја истакнавме важноста на платформата за координација на донаторите за Украина“, рече Зеленски.

– Тимот на ММФ имаше разговори со украинските претставници во Виена оваа недела и ќе продолжи да работи во наредните недели на барањето на Украина, рече шефот на тимот на ММФ, Гевин Греј.

Тој изјави дека членовите на тимот на ММФ разговарале за нивните наоди во врска со економската и финансиската состојба во Украина со министерот за финансии Серхи Марченко и гувернерот на Народната банка на Украина, Андриј Пишњи.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин