Млад боксер загина во војната во Украина, заробен за време на руски напад во Мариупол

Од:

Почина боксер познат низ Украина, а неговото семејство има сериозни финансиски и здравствени проблеми.

Станислав Артјоменко е убиен за време на војната во Украина, а неговиот тренер Валентин Головко почнал да собира пари за неговото семејство.

Прво во војната загина неговиот татко, а потоа со месеци не се знаеше што се случува со Станислав.

Заробен е за време на руски напад во Мариупол, кога украинската војска ја бранела фабриката за челик Азовстал, а до неодамна немало информации за него, иако бил убиен во јули.

„Хероите не умираат! Почина мојот ученик, професионалниот боксер Станислав Артјоменко. Тој помина низ седум кругови на пеколот, војна, битки на Азовстал, фаќање и брутално убиство во Оленивка на 29 јули 2022 година. Стас има мајка и баба на кои им бил дијагностициран рак. Разбирам дека не може да се врати, но би сакал да му помогнам на неговото семејство“, напиша Валентин Головко.

Тој ги оставил податоците од сметката каде можат да уплатат пари за неговото семејство.

Сметката е на девојката на починатиот боксер, а средствата од неа ќе бидат наменети за лекување на мајката и бабата на Артјоменко.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област