Мисија на ОН бара повикување на Мјанмар на одговорност поради геноцид

Од:

Специјалната мисија за утврдување факти во Мјанмар апелираше да се бара одговорност на таа држава пред меѓународните правни тела во врска со тврдењата за геноцид врз муслиманското малцинство Рохинџи.

Независна меѓународна мисија за откривање факти за Мјанмар, во извештајот објавен по две години истражување и регистрирање на кршење човекови права од страна на безбедносните сили на земјата, откри дека операциите против Рохинџите во 2017 година вклучувале „геноцидни постапки“.

Илјадници луѓе беа убиени во операциите и повеќе од 740.000 припадници на малцинството РохинџИ беа принудени да избегаат во Бангладеш за да ги спасат своите животи.

Мисијата наведува дека заканата од геноцид сеуште постои за околу 600.000 Рохинџи кои се уште се наоѓаат во Мјанмар, каде живеат во очајни услови и се соочуваат со прогонства. Поради таа ситуација, невозможно е враќање на бегалците Рохинџи во нивната земја.

Во извештајот се додава дека и други мјанмарски малцинства, тие исто така се соочуваат со маргинализација, дискриминација и брутално однесување на војската.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар