Мисија на ЕУ ќе оди во Ерменија да помогне во демилиризацијата и демаркацијата на границата со Азербејџан

Од:

Европската унија ќе испрати „цивилна мисија“ во Ерменија долж границата со Азербејџан со цел „да воспостави доверба“ меѓу двете земји и да помогне демаркација на границата. Тоа го изјавија учесниците на четиристран состанок по прашањето одржан синоќа во Прага.

„Мисијата ќе почне во октомври и ќе трае најмногу два месеца. Целта на мисијата е да изгради доверба и преку своите извештаи да им помогне на комисиите за демаркација на границата“, се наведува во заедничката изјава објавена по разговорите меѓу ерменскиот премиер Никол Пашинјан, претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Азербејџан и Ерменија би можеле да потпишат мировен договор до крајот на годината доколку има добра волја во Ереван“, изјави азербејџанскиот претседател по средбата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Ерменија: Не сакаме во НАТО