Мишел: Соработката ЕУ-Јапонија е клучна за Европа и за Индо-Пацификот

Од:

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, заедно со Урсула фон дер Лајен, во Токио одржуваат самит ЕУ-Јапонија, главна тема е Русија но и соочувањето со Кина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Претседателите на Европскиот Совет и на Европската Комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен, одржаа средба со јапонскиот премиер Фумио Кишида, на која разговарале за областите на соработка помеѓу двете страни, како и за Русија, Украина и Кина.

Јапонија е сојузник на западните земји и се приклучи кон финансиската и воената помош за Украина.

Мишел ја повика Јапонија да ја искористи зголемената соработка помеѓу Брисел и Токио за да го максимизира потенцијалот на нивното партнерство за низа теми.

-Нашата соработка во Украина е критична во Европа, но таа е важна и за Индо-Пацификот, и сакаме да ги продлабочиме нашите консултации околу настојчивоста на Кина. Веруваме дека Кина мора да крене глас за да го одбрани мултилатералниот систем од кој имаше корист за да ја развие нејзината земја, изјави шефот на Европскиот Совет во Јапонија.

Јапонија, рече тој, е единствениот азиски партнер споменат во Стратешкиот Компас на ЕУ, документ чија цел е да се зајакне европската одбрана.

-И веќе успешно извршивме повеќе поморски вежби во Аденскиот Залив и Арапското Море, сакаме да продолжиме со ова, изјави Мишел.

Претседателот на Европскиот Совет утре ќе ја посети Хирошима, затоа што, како што рече, во овие времиња симболите се важни.

-Јапонскиот премиер е силен глас за свет ослободен од нуклеарно оружје и сакам јасно да повторам дека нашите дела, во време на конфликт, мора секогаш да се водат од трагичната историја на Хирошима, рече претседателот на Европскиот Совет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје