Мишел: Европската политичка заедница не е алтернатива на проширувањето

Од:

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по дебатата на лидерите на ЕУ за европската политичка заедница, изјави дека тоа „не е алтернатива на проширувањето“, туку платформа во рамките на која лидерите на земјите-партнери на европскиот континент би соработувале за обезбедување стабилност и напредок на Европа.

„Првиот состанок треба да се одржи во Прага, за време на чешкото претседателство со Советот на ЕУ, по летната пауза“, рече Мишел.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој прв ја претстави идејата за европска политичка заедница, смета дека има потреба од „европска политичка рамка која ќе се занимава со стратешки прашања“.

„Видовме дека проширувањето, поради неговата брзина, не е адекватно за се што правиме во Европа. Затоа го сакаме овој нов пристап … во кој партнерите би можеле да разговараат за прашања како што се безбедноста, енергијата, инфраструктурата, економијата, здравството“, рече Макрон.

На крајот од самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, тој повтори дека е договорено првите состаноци во овој формат да се одржат за време на претстојното шестмесечно чешко претседавање со Советот на ЕУ и дека идејата е да биде „средба на рамноправните“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески