Минск: Илјадници луѓе на погребот на демонстрантот Бондаренко, наводно убиен од тајната полиција

Од:

Илјадници луѓе денеска во Минск присуствуваа на погребот на белорускиот демонстрант Роман Бондаренко, кој според опозицијата, бил убиен од припадници на тајната полиција на претседателот Александар Лукашенко.

31-годишниот Бондаренко почина минатата недела во болница, откако беше приведен од непознати маскирани лица и брутално претепан.

Неговата смрт беше осудена од страна на Европската унија, која воведе нови санкции кон Минск во четвртокот како одговор на „државна репресија против демонстрантите”.

Полицијата го приведе лекарот кој на медиумите им го достави медицинскиот извештај за смртта на Бондаренко, во кој се наведува дека немало алкохол во неговата крв, што предизвикува сомневања во владините тврдења дека починатиот млад човек бил пијан и убиен во тепачка со цивили.

Од Јавното обвинителство е покрената истрага против лекарот за откривање медицинска тајна.

Исто така, приведен е и новинарот кој го објави медицинскиот извештај.

Би можело да ве интересира

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Во Белорусија, први избори од 2020 година, лидерот на опозицијата е во егзил: Тоа е фарса, шоу, циркус

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски