Минкс: Втор круг разговори на Контакт групата за Украина

Од:

Контакт групата за Украина ќе одржи денеска втор круг разговори во Минск, јавуваат украинските медиуми повикувајќи се на извор близок до организаторот на разговорите.

Првиот круг разговори се одржа на 24 декември. Средбата траеше речиси пет часа.

На разговорите присуствуваше специјалниот претставник на Организацијата за безбедност и соработка во Еврпа (ОБСЕ) Хеиди Таглиавини, поранешниот украински претседател Леонид Кучма, амбасадорот на Русија во Киев Михаил Зурабов, претставникот на самопрогласената Доњецка народна република Денис Пушилин и претставникот на самопрогласената Луганска народна република Владислав Деинго, пренесува ТАСС.

Тема на разговорот се мерките за обезбедување стабилен прекин на огнот во Источна Украина, каде според податоците на ОН во судири меѓу украинската армија и проруски сепаратисти од април годинава животот го загубиле 4.700 лица.

Состанокот на Контакт групата за Украна го сочинуваат претставници на Украина, Русија и ОБСЕ. Првично беше предвидено тој да се одржи меѓу 9 и 12 декември, но е одложен на украинска иницијатива.

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски