Министрите за одбрана на ЕУ ги збиваат одбранбените редови на Унијата и повикаа на соработка само со партнерите

Од:

Со оглед на тоа што безбедносната средина во Европа се развива значително, брзо и драматично, а тековните конфликти и нестабилност во непосредното и пошироко соседство на Европската унија, како во Ирак, Либија, Сахел, Сирија и Украина, и понатаму се причина за сериозна загриженост, министрите за одбрана на земјите-членки на Унијата, денеска одлучија да ги збијат одбранбените редови. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, шефовите на европската одбрана, заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, одлучија дека треба да се даде важност на соработката со партнерите и со оние кои ги делат заедничките вредности и принципи на Брисел.

– Заедно со долгогодишните и новонастанатите безбедносни предизвици, сегашните кризни настани може да имаат ефекти на подолг рок врз европската безбедност и меѓународниот мир и стабилност. Тие ја покажуваат и блиската врска меѓу внатрешната и надворешната димензија за безбедност. Затоа, Советот ја нагласува важноста од работа со своите партнери, особено со Обединетите нации (ОН), НАТО, ОБСЕ и Африканската унија, како и со стратешки партнери и другите земји-партнери во соседството и повеќе на глобално ниво, со почит кон институционалната рамка и носењето на автономни одлуки на ЕУ. Приоритет треба да се даде на соработка со партнерите кои ги делат заедничките вредности и принципи на ЕУ и се способни и подготвени да ги поддржат напорите на ЕУ за управување со кризи – заклучија министрите за одбрана на ЕУ-земјите.

Во тој поглед, во согласност со заклучоците на Самитот на Европскиот совет во декември 2013 година Советот го повтори повикот до Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, во тесна соработка со Европската комисија да го проценат влијанието на промените во глобалната животна средина и да поднесат извештај до Советот во текот на 2015 година за предизвиците и можностите кои произлегуваат за Унијата, а по консултациите со земјите-членки.

Советот потсети и на итната потреба за овозможување на ЕУ и на нејзините земји-членки да добијат зголемена одговорност за да дејствуваат во обезбедувањето на услуги на меѓународно ниво, а особено во соседството, при што со тоа ќе се подобри нивната сопствена безбедност и нивната глобална стратешка улога со одговор на овие предизвици заедно. ЕУ и нејзините земји-членки, преку Заедничката безбедносна и одбранбена политика (ЗБОП) и други политики и инструменти, имаат силна улога преку својот единствен и сеопфатен приод за спречување и управување со конфликти и нивните причини.

– Советот нагласува дека заштитата и промовирањето на европските интереси и вредности, се повеќе ќе се бара од ЕУ и нејзините земји-членки, како комбинација на нивните напори, дополнето со потребните средства и доволните буџетски средства. Советот ја потврдува својата заложба за зајакнување на ЗБОП, во согласност со заклучоците на Европскиот совет од декември 2013 година и свои заклучоци од ноември 2013 година – се наведува во денешниот заклучок на состнаокот на министрите за одбрана на земјите-членки на ЕУ.

Денеска, исто така, падна договор меѓу шефовите на одбраната на ЕУ за следните чекори во врска со иницијативата за поддршка на зајакнувањето на капацитетите на земјите-партнери и на регионалните организации, со цел да им се овозможи да спречуваат и да управуваат со кризи од страна на самите себе и ја повика Могерини и Еврокомисијата до Самитот на Советот во јуни 2015 година, да достават заеднички предлог за приодот на политиката за конкретна имплементација. Оваа политика е предвидено да ја земе предвид улогата и надлежноста на земјите-членки и да предложи соодветни механизми за координација и финансиски средства, врз основа на проценка на заедничките потреби и анализи на ризикот.

Истакнувајќи го флексибилниот географскиот опсег на иницијативата, Советот забележува дека развојот на оваа политика треба да се подготви за идентификуваните пилот-случаи на Мали и Сомалија, која според министрите треба да се развива во почетокот на 2015 година, како и следење на заклучоците на Европскиот совет од март 2014 година во однос на потребата за зајакнување на африканските мир и безбедноста архитектура.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ