Министрите за надворешни работи на Г-20 ќе разговараат за стратегијата против пандемијата

Од:

Министрите за надворешни работи на Г-20 денеска во Матера, јужна Италија, ќе разговараат за борбата против пандемијата на коронавирусот, заштитата на климата и помошта за Африка.

Групата од 20 најголеми економии во светот ги вклучува САД, Кина, Индија, Русија, Германија и ЕУ.

Преговорите во Матера доаѓаат пред самитот на лидерите на Г-20 во Рим кон крајот на октомври.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас пред разговорите рече дека фокусот ќе биде насочен кон помагање на глобалната економија да се опорави од кризата со коронавирусот и да се соочи со идните здравствени предизвици.

– Сега е време да се приспособат глобалните здравствени структури на идните здравствени кризи, рече Маас.

Г-20 веќе ги договори принципите за поблиска соработка на виртуелниот Светски самит за здравје во мај. Според нив, повеќе не треба да има забрани за извоз или тесни грла во синџирот на снабдување, како што имаше во оваа пандемија.

Состанокот на Г-20 означува и крај на еднонеделната турнеја на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен во Европа.

Би можело да ве интересира

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Г20 има нова членка

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

Блинкен: Не планирам да се сретнам со руски и кинески министри на самитот на Г-20

Ана Ололовска

Индија и Кина прават притисок на Г20 во соопштението за Украина да го нема зборот војна

Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина