Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска и утре одржуваат неформален состанок

Од:

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска и утре во Брест ќе одржат неформален состанок за Кина, Украина, Белорусија, партнерството со Африканската унија и проектот Стратешки компас, се наведува на веб-страницата на француското Претседателство со Советот на ЕУ.

– Француското претседателство со Советот на ЕУ и високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел одлучија средбата во Брест да ја посветат на главните теми за афирмирање на суверенитетот на Европа на меѓународната сцена, а тоа се – Стратешки компас за суверена Европа, балансирани односи со Кина, ситуацијата во Украина и Белорусија и партнерството со Африканската унија, се вели во соопштението.

Дипломатски извори рекоа дека на дводневниот состанок ќе се разговара и за Русија во светло на почетокот на американско-руските разговори за смирување на тензиите на границата со Украина и нацрт руските безбедносни документи во кои се бара НАТО да не ги прими Украина и другите поранешни земји од СССР како и да се откаже од распоредувањето на сили и воена опрема во Централна и Источна Европа.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески