Министрите од еврозоната одбија да ја продолжат програмата за помош на Грција

Од:

Програмата за помош на Грција завршува во вторник навечер, одлучија попладнево министрите за финансии од еврозоната, откако го одбија барањето на Атина за едномесечно продолжување, изјави претседавачот на Еврогрупата Јерун Дејселблум, пренесува ДПА.

Седницата ќе продолжи неофицијално, без грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, а со цел да бидат разгледани последиците.

Министрите сметаат дека одлуката на грчкиот премиер Алексис Ципрас за распишување референдум за барањата на кредиторите за реформи за возврат на финансиска помош претставува еднострано прекинување на преговорите.

Поголемиот дел од министрите од еврозоната изјавија дека се изненадени и разочарани од одлуката на Ципрас на 5 јули да се одржи референдум.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески