Министри обвинети дека „малтретирале“ пратеници во владата на Велика Британија, се ниша фотелјата на Лиз Трас

Од:

Британската премиерка Лиз Трас се соочи со драстично влошување на проблемите со нејзиниот владин кабинет, откако еден од најважните министри поднесе оставка, висок соработник на „Даунинг стрит“ беше суспендиран, а и се разгори бунтот во нејзината Конзервативна партија.

Суела Брејвермен, миленичката на десницата која стана министерка за внатрешни работи – една од четирите главни позиции во британската влада – по неуспешната кандидатура за партиското лидерство, поднесе оставка во средата попладне откако призна „грешка“ во справувањето со официјални документи.

Нејзиното писмо со оставка звучи како напад врз премиерката Лиз Трас. Таа пишува дека работата на владата се потпира на тоа дека луѓето ќе ја прифатат одговорноста за своите грешки и оти продолжувањето понатаму „како сите да не гледаат дека сме ги направиле“ и да се надеваме дека работите „магично“ ќе се исправат не е сериозна политика.

Нов министер за внатрешни работи ќе биде Грант Шапс, кој беше главен поддржувач на конкурентот на Трас, Риши Сунак за време на трката за лидер на Ториевците.

Пратениците од Лабуристичката партија денеска повикуваа и на истрага откако обвинија група министри од кабинетот на Трас дека физички „управувале“ со пратениците од ториевците – од кои најмалку еден, наводно, бил во солзи – да гласаат за поддршка на владината позиција. Бизнис секретарот Џејкоб Рис-Мoг негираше какво било „малтретирање“, инсистирајќи на тоа дека разговорите со пратениците биле „сосема нормални“.

Иако официјално Трас е безбедна од лидерски предизвик во партијата до следниот септември, повеќето ториевци веруваат дека доколку половина од парламентарната партија побара нејзина оставка, таа нема да има друг избор освен да се повлече.

Трас дојде на чело на Конзервативната партија и на државата во септември, откако беше министерка за надворешни работи во владата на Борис Џонсон, кој беше принуден да се повлече по серијата скандали во кои беше вмешан.

Би можело да ве интересира

Поранешна британска премиерка додека била на функција потрошила илјадници фунти на кетеринг

До крајот на животот Трас ќе добива 115.000 фунти годишно од државата

А1он

Медведев: Дајте и на Трас Нобелова награда за најбрзо уништување на британскиот финансиски систем

Неколку кандидати за наследник на Трас, не e исклучено враќање на Борис Џонсон

А1он

Трас со најкраток мандат во британската историја

А1он

Срамна лидерка која ќе се памети по катастрофалната неписменост – рекација на Русија на оставката на ТРас

А1он