Министер во британската влада поднесе оставка поради афера на негов советник

Од:

Даглас Рос, министер во британската Влада за Шкотска, поднесе оставка поради аферата на најблискиот советник на Борис Џонсон – Доменик Камингс, кој се најде на удар на јавноста откако ја прекрши мерката за самоизолација за време на карантин.

„Не го коментирав јавно потегот на Камингс, затоа што чекав повеќе детали. Кога дознав за што станува збор, одлучив да поднесам оставка“, напиша Рос на Твитер.

Камингс, пак, денеска рече дека не понудил оставка поради бурата која ја предизвика кога за време на карантинот, воведен поради Ковид-19, одлучил да замине во викендичка во северна Англија, на 400 километри од Лондон.

– Не, не понудив оставка. Тоа не го разгледував, рече Камингс пред новинарите. – Го направив она што мислев дека е добро. Мислам дека се однесував разумно, тврди советникот на Џонсон, појаснувајќи дека тоа го направил за своето семејство, односно да не го стави во ризик од зараза својот син.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он