Минхенскиот надбискуп Маркс повикува на длабоки реформи во Римокатоличката црква по извештајот за злоставувања

Од:

Надбискупот од Минхен, Рајнхард Маркс, денеска изјави дека на Римокатоличката црква и се потребни длабоки реформи за да се надмине „катастрофата“ предизвикана од наводите за сексуална злоупотреба и изјави дека има намера да остане на позицијата и покрај обвиненијата на негова сметка.

dobivaj vesti na viber

Папата Франциск минатата година ја отфрли оставката на Маркс, која ја поднесе токму поради скандалот поврзан со сексуалната злоупотреба во Минхенската надбискупија на Римокатоличката црква.

Маркс, близок соработник на папата, е обвинет за два случаи на злоупотреба, што ги водел, а не презел ништо.

Обвинувањата беа изнесени во независниот извештај подготвен на барање на Минхенската надбискупија од адвокатската канцеларија „Вестпфал Спилкер Вастл“.

Надбискупот Маркс денеска пред новинарите изјави дека ќе го проучи извештајот и случаите за да „научи од нив“.

Тој им се извини на жртвите и верниците во неговата парохија.

Маркс додаде дека сака да придонесе за натамошниот тек на истрагата, но дека ќе разговара со претставници од надбискупијата и од Ватикан доколку забележи дека тоа „повеќе ќе смета отколку што ќе помогне“.

-Гледаме катастрофа. Секој кој сè уште ги негира системските причини и се противи на потребната реформа на црквата во нејзините ставови и структури, не го разбра предизвикот, рече тој.

Маркс, исто така, посочи дека Црквата мора да допре до жртвите и дека тој ги „превидел“, што е „непростливо“.

Во извештајот се обвинува и пензионираниот папа Бенедикт Шеснаесетти, претходно надбискуп Минхенски, Јозеф Рацингер. Обвиненијата против него се однесуваат на четири случаи во кои знаел за сексуална злоупотреба и дека свештеникот кој извршил кривично дело само го префрлил во друга надбискупија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тужба против папата Бенедикт поради свештеник педофил

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Филмска потера пред Ватикан: Албанец ја проби блокадата со автомобил, полицијата пукаше во гумите

Ана Ололовска

Речиси 200 свештеници од католичката бискупија во Минстер осомничени за злоставување деца

А1он

Орбан во посета на Ватикан

Шпанија ја започна првата официјална истрага за злоупотреба на деца во Католичката црква

А1он

Ватикан го нарече бомбардирањето на болницата во Мариупол „неприфатливо“

А1он