Минатата година во Антверпен биле запленети околу 110 тони кокаин

Од:

Во 2022 година белгиските власти заплениле речиси 110 тони кокаин во пристаништето Антверпен, првото пристаниште за влез во Европа за дрогата од Латинска Америка, соопшти денеска белгиската царина.

Првпат е надминат прагот од 100 тони.

Минатата година биле запленети точно 109,9 тони кокаин, наспроти 89,5 тони во 2021 година, соопшти царината.

Во холандското пристаниште Ротердам, уште еден сообраќаен јазол на европскиот континент, во 2022 година биле запленети 52,5 тони кокаин, а претходната година околу 70 тони.

Белгија и Холандија одлучија за првпат заеднички да објават годишен извештај за заплените на кокаин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белгија го забрани TikTok на официјалните владини мобилни телефони

Ана Ололовска

Во Белгија конфискувани околу четири тони кокаин

Спречен терористички напад на изборот за Мис на Белгија

Босанец во Белгија ја убил поранешната сопруга и двете мали деца, потоа се самоубил

Горан Наумовски

Панцери се согласи на соработка со Обвинителството на Белгија

Ана Ололовска

Белгиските разузнавачи се загрижени поради радикализацијата на малолетниците