Милитанти пак нападнаа училиште во Нигерија, грабнаа 150 ученици

Од:

Околу 150 ученици се водат како исчезнати по вооружениот напад од страна на група мажи врз училиште во северозападната нигериска држава Кадуни, се дознава денеска од изјава на директорот на училиштето и родителите на децата.

Баптистичкото средно училиште во јужниот дел на Кадуна во текот на ноќта беше нападнато, а 25 ученици успеаја да избегаат.

-Постојат стравувања дека се киднапирани и други ученици, изјави свештеникот Џон Хајаб, основач на училиштето, чиј 17-годишен син успеа да избега.

Училиштето од интернатски тип во моментов имало околу 180 ученици, кои во текот на нападот биле во тек на завршните испити, објасни Хајаб.

Полицијата го опколи училиштето по нападот, кој се случил ноќта меѓу 23 и 4 часот.

Вооружените лица, кои мештаните ги нарекуваат разбојници, од киднапирањата досега заработија многу пари, благодарение на откупите кои ги наплатуваа од селаните чии деца ги грабнуваат. Државата Кадуна е особено погодена од киднапирањата на училишни деца.

Од декември минатата година досега се грабнати околу 1.000 деца, а судбината на 150 од нив сѐ уште не е позната.

Би можело да ве интересира

Ослободени уште 10 нигериски ученици по платен откуп, киднаперите држат уште деца

Ана Ололовска

Нигерија оваа година бележи најлоша епидемија на колера досега

Ана Ололовска

Напаѓачи ослободија 266 затвореници од нигериски затвор

А1он

Повеќе од 100 ученици и наставници киднапирани од вооружена група во Нигерија

А1он

Нигерија: Ослободени десетици киднапирани ученици, шестмина загинаа во заробеништво

Ана Ололовска

Вооружени лица од село во северозападна Нигерија киднапирале повеќе од 75 лица

Ана Ололовска