Мили: Америка е подготвена, ако Кина го нападне Тајван, тоа ќе биде дебакл

Од:

Највисокиот генерал на Пентагон Марк Мили рече дека кинескиот напад врз Тајван би бил споредлив со руската воена операција во Украина и со значајна „стратешка грешка“.

Претседателот на Здружениот Генералштаб на американската војска, генерал Мили ова го изјави на заедничкиот брифинг во Пентагон со секретарот за одбрана Лојд Остин.

На прашањето дали воопшто е загрижен дека Си може да донесе „непромислена одлука“ да го заземе Тајван со сила, имајќи предвид дека либерално-демократскиот остров се гледа себеси како сопствен независен ентитет, додека Кина го смета за дел од нејзината територија, Мили одговори дека верува, иако лично не го познава кинескиот лидер, дека Си е „рационален актер“ кој „ќе донесува одлуки врз основа на она што мисли дека е во негов национален интерес“ и кој „ги проценува работите врз основа на трошоците, придобивките и ризиците.

„Мислам дека тој би заклучил дека нападот на Тајван во блиска иднина би бил преголем ризик и би завршил со стратешки дебакл за кинеската војска. И мислам дека тоа ќе го уништи сонот на Кина да биде број еден економска и воена сила“, рече генералот Мили.

Сепак, Мили нагласи дека Америка не знае дали Кина ќе се обиде да го окупира Тајван, но дека официјални лица продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата и дека се „воено подготвени“.

„Една од клучните работи сега е да се осигураме дека Тајван може да се брани, а има многу научени лекции од војната во Украина“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Тајван: Ја повикуваме Кина да се соочи со реалноста

Вилијам Лаи е новиот тајвански претседател

Горан Наумовски

Тајван: Кина испраќа шпионски балони над нашиот остров, тоа е психолошка војна

ВИДЕО: Морничава сцена на плажа, исчезна пред 2 недели, водата го исфрли масакрираното тело

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Америка блокада на воениот брод кој носи оружје за Израел: Престанете со убивање луѓе

Предраг Петровиќ

Русија против американската резолуција за Израел и Газа во ОН