Мијатовиќ: Новинарството е една од најопасните работи

Од:

На хартија се изгледа добро, постојат сите слободи, присутна е слобода на медиумите, но во реалноста е катастрофа, рекла претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ на конференцијата „Денови на австриското новинарство“, преносе Танјуг.

– Новинари седат во затвори, биваат изложени на закани и новинарите се мета – констатирала Мијатовиќ, додавајќи дека новинарството денеска е една од најопасните работи.

Таа укажала на Украина каде медиумските известувачи се киднапирани, затворани и злоставувани, но и на Франција каде беше нападната редакцијата на магазинот „Шарли ебдо“, што е еден од најбруталните и најстрашните напада на слободата на изразување и медиумите.

Во Турција, според неа, блокирани се повеќе илјади сајтови под притисок на владата, а на Балканот или во Руската Федерација нема речиси никакво расветлување на бројните убиства на новинарите во минатите години.

Исто така, додала Мијатовиќ, во многу земји на дневен ред е самоцензурата.

– Не постои слободно општество ако нема слобода на изразување и медиуми – нагласила Мијатовиќ.

Новинарка на австриската државна телевизија ОРФ, која некогаш била дописник од Кине, Корнелија Восперник, укажала на тешката состојба со која се соочила во текот на работата во Азија.

Според неа, во Кина и бил отежнат пристапот до некои теми, а како странски дописник била непрестано соочена со недоверба и верување дека е шпион.

– Порано новинарите беа сметани за богови, а денес често се сметаат за непријатели – констатирала Восперник.

Би можело да ве интересира

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот

Лавров: Србија нема да ја примат во ЕУ додека не го признае Косово

Орце Костов

Израел треба да ги знае правилата на војување, бројките на убиени цивили во Газа се страшни, смета Лавров

Орце Костов