Михаил Мишустин – кандидат за премиер на Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин пред Државната дума за премиер го предложи Михаил Мишустин, претседател на руската федерална даночна служба, соопшти прес-службата на Крмљ.

„Претседателот Владимир Путин оствари работна средба со Михаил Мишустин и му ја понуди функцијата премиер. Откако доби согласност, ја предложи номинацијата на Мишустин за функцијата премиер за разгледување во Државната дума “, се вели во соопштението од прес-службата.

Мишустин е на чело на Руската Федерална даночна служба од април 2010 година.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, денеска објави поднесува оставка и ја распушти владата.

Тој одлуката ја донел по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи нова функција во Советот за безбедност на Русија.
Медведев ќе биде именуван на должноста заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.

Путин побара од Медведев да продолжи да ја извршува премиерската функција се додека не се формира нова влада.

Оставката на Медведев и новата функција во рускиот Совет за безбедност се во исто време кога Путин најави уставни измени.

Во денешното годишно обраќање до нацијата пред пратениците во федералниот Парламент, Путин предложи измена на Уставот за да им се овозможи на пратениците да именуваат премиер и членови на Владата. Тоа право моментно го има претседателот на државата.

– Тоа ќе ја зголеми улогата на Парламентот и парламентарните партии, власта и независноста на премиерот и сите членови на владата, истакна Путин.

Тој нагласи и дека претседателот треба да има овластување да именува високи одбранбени и безбедносни претставници.

Путин додаде дека уставните измени мора да бидат усвоени на референдум.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Медведев: Зад протестите во Грузија видливо е американското влијание

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он