Метеоролозите предупредуваат дека бранот од Германија и Австрија може да ја зафати и Словачка

Од:

Метеоролозите предупредуваат дека бранот од Германија и Австрија кој ги предизвика поплавите може да влијае и на Братислава. Нивото на Дунав може да се искачи за 2,5 метри во Словачка, според последните податоци на страницата imeteo.sk, која ја следи состојбата на реките.

Словачкиот хидрометеоролошки институт (ШМУ) во неделата издаде предупредување за можни силни бури низ Словачка, каде може да падне голема количина дожд.

„Како резултат на обилните дождови што паднаа претходните денови во Германија и Австрија долж Дунав, очекуваме значително зголемување на водостојот во словачкиот тек на Дунав“, велат метеоролозите.

Нивото на Дунав достигна 526 сантиметри во предградието на Братислава, Девин и 565 сантиметри во Братислава.

„Според нашите проценки, нивото на водата во Девин може да достигне 700 сантиметри, а во главниот град 740“, се наведува во соопштението на ШМУ и се додава дека постепеното опаѓање на нивото на Дунав може да започне денеска во попладневните часови.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим