Мета ги враќа Фејсбук и Инстаграм профилите на Трамп

Од:

Компанијата Мета ќе му дозволи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се врати на Фејсбук и Инстаграм во наредните недели, две години откако неговиот профил беше суспендиран од тие социјални мрежи по нападот на американскиот Капитол во 2021 година, соопштија претставници на компанијата.

„Како општо правило, ние не сакаме да се мешаме во отворена, јавна и демократска дебата за платформите на Мета – особено во контекст на изборите во демократски општества како што се Соединетите држави“, рече претседателот за меѓународни односи на Мета, Ник Клег.

Тој додава дека јавноста треба да има можност да слушне што велат нивните политичари, без разлика дали е добро, лошо или грдо, за да можат да носат квалитетни одлуки на изборите.

Би можело да ве интересира

Големото враќање на Доналд Трамп

Трамп: Ќе имаме голема депресија, поопасна од онаа во 1929 година

Пенс: Трамп ќе одговара пред историјата за неговата улога во нападот на американскиот Капитол

Ана Ололовска

Трамп: Јас сум единствениот кој може да ја спречи Третата светска војна

Став на судијата за податоците од истрагата за Трамп: Некои сведоци лажеа

Трамп повторно е на Фејсбук и Инстаграм

Горан Наумовски