Мерките во Германија го забавуваат ширењето на Ковид-19

Од:

Мерките што ги преземаа германските власти за забавување на ширењето на коронавирусот, почнуваат да покажуваат ефекти, соопшти денеска Институтот Роберт Кох (ИРК) за контрола на болести.

– Гледаме дека ширењето на вирусот станува побавно, изјави претседателот на ИРК Лотар Вилер, истакнувајќи дека ограничувањата во јавниот живот „треба да се почитуваат“ и многу е рано да се тврди дека е постигната победа против заразата.

Вилер објасни дека секој човек кој се заразил со вирусот, во моментов заразува во просек само еден човек, додека претходно односот бил 1:7.

– Ако бројката е под еден, тоа значи дека епидемијата полека се намалува. Тоа е нашата цел, рече тој.

– Знаеме дека со мерките го сменивме бројот на еден и се надеваме дека ќе го намалиме уште повеќе, нагласи Вилер.

Сепак, тој повика јавноста да се придржува кон владините ограничувања, кои вклучуваат забрана за јавни собири на повеќе од две лица и барањето да бидат барем 1,5 метри оддалечени едни од други во секое време.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски