Меркел: Знам дека морам да се грижам за своето здравје

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека мора да се грижи за своето здравје откако трипати се тресеше на јавни настапи.

– Прво, можете да разберете дека сум свесна за одговорноста на мојата работа. Одговорно се однесувам кога моето здравје е во прашање, одговори Меркел на новинарско прашање за нејзиното здравје на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен.

Таа рече дека наредната недела ќе го прослави 65от роденден, шегувајќи се дека секој роденден ја потсетува дека е постара.

– И јас лично сум заинтересирана да бидам здрава и се грижам за своето здравје, истакна Меркел.

Германската канцеларка и данската премиерка денеска седеа за време на интонирањето на химните во Берлин.

Меркел притоа не покажа симптоми за лошо здравје, но со гостинката седеше пред зградата на Владата во Берлин, што е невообичаено за време на укажување воени и државни почести.

Канцеларката вчера, за време на воените почести при приемот на финскиот премиер Анти Рине, повторно не се чувствуваше добро и трепереше.

Тоа е третпат како се случува истата сцена, првпат на 18 јуни за време на пречекот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа на 27 јуни додека стоеше покрај германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер при церемонијата за назначување нов министер за правда.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим