Меркел верува во Италијанците

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека има доверба во “чувство на одговорност” на италијанските политичари, по парламентарните изборите во таа земја.

“Канцеларката изрази доверба во чувството на одговорност на политичките сили во Италија, кои сега треба да формираат нова влада, способна да функционира во оваа сложена ситуација”, рече Штефан Сајберт во пишаната изјава по средбата на Меркел со италијанскиот претседател Џорџо Наполитано.

Ова е прв коментар на германската канцеларка во врска со парламентарните избори во Италија, пренесе АФП.

Меркел исто така, му посака на италијанскиот претседател Наполитано, кој се состана и со својот германски колега Јоахим Гауке, успех во составување на новата влада.

На изборите во Италија, алијансата на левиот центар на Пјер Луиџи Берзани освои тесна победа во Долниот дом на парламентот над десничарската коалиција на поранешниот премиер Силвио Берлускони, но не успеа да обезбеди потребно мнозинство во Горниот дом (Сенатот).

За формирање на владата потребно е мнозинство во двата дома, Италија стигна ќорсокак и иако се очекува дека водечките блокови ќе се обидат да формираат коалиција, не е исклучена можноста за нови избори во рок од неколку месеци.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим