Меркел: Велика Британија мора да остане во ЕУ

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел инсистира дека Велика Британија мора да остане во ЕУ, бидејќи е „важна порта кон светот за европските нации“.

Иако Меркел претходно го предупреди британскиот премиер Дејвид Камерон дека се „приближува кон точка од која нема враќање“, таа денеска нагласи дека Британија има значајно место во Унијата и ќе направи се што е во нејзина моќ за да остане членка.

– Што и да направат Британците е нешто што мораат сами да го одлучат и тие сигурно нема да ги слушаат другите што ќе кажат за тоа. Но за нас е најважно да ја имаме Велика Британија во ЕУ, бидејќи тоа е земја која е отворена кон остатокот од светот, изјави германската канцеларка во Сиднеј, по нејзиното учество на Самитот на Г-20 во Бризбејн.

Бртанскиот премиер им вети на граѓаните дека доколку неговите конзервативци победат на следните избори во 2015 година, ќе организира референдум за членството на земјата во ЕУ.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ