Меркел в понеделник ќе има средба со Путин во Париз

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел в понеделник ќе има билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин во Париз, пред самитот за Украина, соопшти портпаролката на германската влада.

Меркел, исто така, планира на самитот да има состанок одделно со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Домаќин на Самитот за Украина е францускиот претседател Емануел Макрон.

Тоа ќе биде прва таква средба на тоа ниво, во „нормандиски формат“, во изминатите три години, со цел да се започнат мировните преговори.

Во меѓувреме, меѓу Берлин и Москва има се поголем дипломатски судир поради убиството на грузиски активист, за кое, наводно, стои руската држава.

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски