Меркел: Тврдењата за американско шпионирање се „сериозен случај“

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел изрази денеска загриженост за тврдењето дека аперикански шпион дејствувал во германската разузнавачка агенција БНД.

Ова е првата јавна реакција на канцеларот Меркел за случајот, од избувнувањето на оваа нова афера во германско-американските односи.

Меркел која се наоѓа во тридневна посета на Кина, на прес конференција во Пекинг рече дека ако се покажат точни тврдењата за постоењето на двоен шпион, тогаш тоа може да биде „сериозно прекршување“ на меѓусебната доверба.

– Тоа би претставувало силна контрадикција на она што јас го нарекувам соработка и доверба, рече Меркел.

Изминатата недела, германското контраразузнавање уапси еден Германец, оперативаец на БНД, под обвинение дека им предавал на Американеците тајни и доверливи разузнавачки материјали. Уапсениот се товари дека на својата американска врска, во период од две години, им предал преку 200 вакви документи. За предаданите тајни документи, тој добил 25 илјади евра.

– Ако сето тоа се покаже точно,тогаш станува збор за сериозен случај, изјави Ангела Меркел во Пекинг.

Медиумите во Берлин, претходно тврдеа, повикувајќи се на неидентификуван германски политичар дека уапсениот разузнавач, самиот им се понудил на американските тајни служби.

Истиот извор тврдеше дека за предавањето на тајните документи од парламентарната комисија на германскиот Парламент, која го истражува дејствувањето на странските тајни служби на територијата на Германија, уапсениот не примал пари.

Германските власти го повикаа американскиот амбададор во Берлин и побараа од него објаснување за индидентот со откриениот шпион на САД во БНД.

Би можело да ве интересира

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим