Меркел: Тажни сме поради поразот

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изрази жалење поради тесниот пораз на својата партија на изборите што се одржа вчера во Долна Саксонија.

“Нема да се преправам, по сите емоции што ги вложивме во изборите, поразот уште повеќе боли”, рече Меркел на прес-конференцијата во Берлин, по состанокот на раководството на партијата, пренесоа агенциите. Централно-левичарската опозиција на Германија “за влакно” ја победи коалицијата на канцеларката Ангела Меркел на вчерашните избори во Долна Саксонија.

“Денеска сме сите тажни. Тажни што не успеавме.”

Таа, воедно истакна дека предизборната кампања за сојузните избори се уште не се почнати и дека поради тоа Демохристијанската партија (ЦДУ) ќе се фокусира на иднината.

Канцеларката исто така, апелираше до Социјалдемократската партија (СДП) и Партијата на зелените, кои со победата во Долна Саксонија освоија мнозинство во Бундесратот, горниот дом на германскиот парламент, одговорно да ја користат нивната предност.

На вчера одржаните избори во Долна Саксонија, (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел ”за влакно” ги изгуби изборите, СПД однесе тесна победа анимирајќи ги неопределените гласачи, додека Зелените забележија прилив на гласови, а либералите на сметка на ЦДУ освоија дури рекордни блиску Десет проценти од гласовите.

Изборите во оваа покраина, втора по површина во Германија со 6,1 милиони гласачи, е јасен сигнал, сметаат многумина, дека борбата за канцеларската функција, на есен, ќе биде побрутална, од што Меркел можеше и да претпостави.

Опозицијата со тоа, како што се мисли, и нанесе удар на Меркел пред изборите оваа година во кој ќе се обиде да освои трет мандат. Опозициската коалиција на Социјалдемократската партија и на Зелените освои само едно место повеќе во парламентот на Северозападниот германски регион, каде што живеат осум милиони жители, објави АП.

Со Долна Саксонија 10 години управува коалицијата на конзервативната Христијанско демократска унија на Меркел (ЦДУ) и Слободните демократи, истите партии кои ја формираат националната влада.

Првите неофицијални резултати на денешните избори го навестуваа токму спротивното – дека победата, исто така “за влакно” ќе ја добие коалицијата на Меркел.

Германската канцеларка ќе се обиде да освои уште еден четиригодишен мандат како канцелар на парламентарните избори во септември.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени