Меркел: Шокирана сум и тажна поради несреќата во Португалија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е шокирана и тажна поради автобуската несреќа на германски туристи на португалскиот остров Мадеира, во која загинаа 29 лица, а 27 се повредени.

Таа изрази сочувство до семејствата на настраданите во несреќата.

Меркел изрази надеж дека повредените и нивните семејства ќе закрепнат од физичките и психичките повреди.

Канцеларката им се заблагодари на припадниците на португалските служби за вонредни состојби „кои работеа под тешки околности на местото на несреќата“.

Автобусот се превртел вчера во 18.30 часот на стрмна падина, откако на кривина излетал од патот и удрил најмалку во една куќа во населено место, изјави градоначалникот на Фунчал, Филипе Соуша.

Потпретседателот на регионалната влада на Мадеира, Педро Каладо на прес-конференција рече дека повредените, меѓу кои и португалскиот возач и локалниот водич, се пренесени во локалната болница.

Португалскиот премиер Антонио Коста на Твитер напиша дека и упатил сочувство на германската канцеларка Ангела Меркел.

– Со голема тага ја примив веста за трагичниот настан во Мадеира, напиша тој.

Португалските власти соопштија дека ја испитуваат причината за несреќата.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис