Германската канцеларка Ангела Меркел се сретна со украинскиот претседател Петро Порошенко и со неговиот руски колега Владимир Путин, како дел од дипломатските напори на европските лидери за уредување на кризата во Украина, јави ДПА.
Разговорите се одржаа во кулоарите на Азиско-европскиот форум (АСЕМ) во Милано, каде Путин и Порошенко се очекува утрово да преговараат со лидерите на Германија, Франција, Велика Британија, Италија и со високи претставници на ЕУ.
Меркел и Порошенко изразија жалење дека мировниот план во Источна Украина не беше целосно применет, истакна портпарол на германската Влада.
– Путин и Меркел го разгледаа договорот од Минск и уредувањето на конфликтот во Украина, како и прашања за гасот, изјави прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
На Азиско-европскиот форум во Милано ќе учествуваат претставници на околу 50 земји од Европа и Азија, за да ја разгледаат економската соработка и трговијата.