Меркел: Санкциите против Русија мора да останат во сила

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека санкциите против Русија мора да останат во сила за да се покаже сериознoста на Западот кога станува збор за украинската криза.

– Доколку само седиме и дозволиме ситуацијата да ескалира тоа нена да биде посакувана ситуација, рече Меркел по разговорот со летонската премиерка Лаимдота Страујума во Рига.

Меркел на својата летонска колешка и го пренела уверувањето дека балтичките земји можат да сметаат на солидарноста на Германија. Таа, исто така, истакнала дека обврската на НАТО да им помогне на балтичките земји „не е само на хартија“, туку мора да се реализира доколку биде потребно.

Германската канцеларка, исто така, ветила дека НАТО ќе го засили своето присуство на Истокот и најавила можноста за оддржување маневри, но ја отфрлила идејата за изградба на нови бази на НАТО во Источна Европа.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени