Меркел призна: Згрешив за Русија

Од:

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел призна дека имало пропусти во политиката кон Русија во периодот кога таа беше на чело на германската влада, објавија денеска германските медиуми.

„Требаше побрзо да реагираме на агресивното однесување на Русија“, изјави Ангела Меркел за овонеделното издание на Die Zeit.

Таа се осврна на воздржаноста на Германија во однос на одбранбените распределби, кои не соодветствуваат со договорениот процент на распределби на ниво на НАТО.

„Германија никогаш не ја постигна договорената распределба од два отсто за одбраната, а ниту јас не се залагав премногу за тоа“, рече Меркел.

Меркел рече дека особено жали што не зазела посилен пристап кон зајакнувањето на Бундесверот по руската анексија на Крим во 2014 година, по што членките на НАТО се согласија да одвојат 2 отсто за одбраната. Меркел го бранеше и договорот од Минск, кој, според неа, требаше да ја спречи војната која сепак започна на почетокот на оваа година.

„Мораме да ги гледаме овие работи од денешна перспектива. На почетокот на 2015 година Русија можеше лесно да ја освои Украина. И се сомневам дека НАТО можеше да и помогне на Украина во иста мера како и денес“, рече Меркел во интервју за Die Zeit.

Меркел истовремено не го смета за грешка издавањето дозвола за изградба на втората траса на гасоводот Северен тек. „Забраната на проектот тогаш значително ќе ги влошеше односите со Русија“, рече Меркел.

Таа додаде дека зголемената зависност на Германија од рускиот гас не е само резултат на заедничкиот германско-руски проект Северен тек, туку и фактот дека „помалку гас доаѓа од Норвешка, Велика Британија и Холандија“.

По рускиот напад врз Украина, многумина ја обвинија германската канцеларка за неуспеси во односите со Русија во последните години, а особено за прекумерна зависност од рускиот гас.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он