Меркел призна дека заразата им излегла од контрола

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земја во борбата против коронавирусот власта дозволи да излезе од контрола.

Според весникот „Билд“, Меркел за неуспехот на владата во борбата против коорнавирусот отворено зборувала на видео конференцијата со шефовите на фракциите на ЦДУ ЦСУ и во Бундестагот и во покраинските собранија.

„Нам работата ни се измолкна од контрола“, весникот ја цитира канцеларката.

Таа посочи дека бројот на нови пациенти мора да се намали на 50 на 100.000 жители и констаира дека сега сите се среќни кога има под 200.

Меркел го призна и неуспехот на властите, велејќи дека здравствените служби немаат можност да ги следат контактите на пациентите.

За неа е особено важно да се отежнат или целосно забранат патувањата. „Сто пати прашав зошто не можеме да ги забраниме патувањата“, рече таа, додавајќи дека постојано добивала одговор дека Германија е слободна земја, дека е можно да се ограничи радиусот на движење, но дека е тешко да се забрани патување во светот.

Меркел сака патувањата да ги направи непривлечни и со непријатниот суров режим на влегување во земјата.

Што се однесува до „отклучувањето“, таа кажа дека во моментов не е можно да се зборува за тоа.

-Ќе мора поинаку да се отвораме отколку што беше одлучено – прво градинките и училиштата, а потоа продавниците и рестораните, објасни германската канцеларка.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје

Германската полиција го пронајде бебето на убиената жена од Украина

Горан Наумовски