Меркел: Премногу е рано за Германија да ги укине ограничувањата

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека е премногу рано за Германија да ги укине ограничувањата за движење на луѓето, и покрај првичните знаци дека забавува ширењето на коронавирусот.

„Владата и јас лично размислуваме како можеме да постигнеме две работи во исто време: да обезбедиме здравствена заштита и да го почнеме процесот на постепено враќање на јавниот живот“, рече Меркел во видео порака.

Таа додаде дека совладување на пандемијата е „Херкуловска задача“.

Канцеларката ги повика граѓаните да останат дома за Велигден.

„Сите ние ќе имаме сосема поинаков Велигден од кога било досега“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски