Меркел предлага Макрон да го прифати германскиот економски модел

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел на официјален Париз му предлага да го прифати германскиот рецепт за економска обнова, воведен пред една деценија.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, пораката од Германија доаѓа на три дена пред средба на Меркел со новиот француски претседател Емануел Макрон закажана за понедлиник, на која ќе се разговара за билатералните односи и за иднината на ЕУ.

Според Меркел, Франција по изборот на Макрон треба да го искористи рецептот со кој Владата на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во 2003 година спроведе низа реформи меѓу кои најважни беа преземени во сферата на пазарот на трудот и со тоа создаде предност пред останатите европски економии.

– Се дотогаш Германија и Франција беа на исто ниво на економски перформанси. Во овој случај не се работи дека Германците се подобри, туку дека и Франција може да го стори истото, изјави Меркел на дебата со претставници на бизнис заедницата во Дизелдорф.

Меркел во Дизелдорф најави дека со Макрон в понеделник ќе разговара за засилување на механизмите на Еврозоната и за спроведување реформи што ќе дадат брз резултат на пазарот на трудот.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница