Меркел повика за помош на сириските бегалци пред конференција во Берлин

Од:

Германската влада денеска е домаќин на меѓународна конференција во Берлин, каде земји донатори и пратеници од Јордан, Либан и Турција ќе разговараат како да се помогне на сириските бегалци пред претстојната зима, јави ДПА.

Во пресрет на конференцијата канцеларката на Германија Ангела Меркел синоќа изрази надеж дека конференцијата ќе испрати силен сигнал за солидарност.

Германија бара ЕУ да додели средства за помош на милиони сириски бегалци, наведува ДПА.

Германскиот министер за економска соработка и развој Герд Мулер изјави дека во моментот се одвива една од најголемите катастрофи на векот и дека ќе страдаат многу луѓе, ако не се преземат итни и решителни дополнителни дејствија.

Според него за таа цел може да бидат доделени милијарда евра од сегашниот буџет на ЕУ.

Над 50 хуманитарни организации излегоа со повик во Берлин за зголемување на средствата за Сиријците, како и западните земји да прифатат повеќе од 180.000 од Сириските бегалци. Милиони Сиријци се раселени во самата Сирија или живеат во кампови во близина на границите на земјата.

Според податоците на Службата на ОН за координација на хуманитарни прашања 3,2 милиони Сиријци избегале во странство, а 6,45 милиони се внатрешно раселени.

Би можело да ве интересира

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ